ПОЧИНА 12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД ТЕШКО ТРУЕЊЕ СО ХРАНА ВО ФРАНЦИЈА, ЗАТВОРЕНИ ДВЕ МЕСАРНИЦИ

    ПОЧИНА 12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД ТЕШКО ТРУЕЊЕ СО ХРАНА ВО ФРАНЦИЈА, ЗАТВОРЕНИ ДВЕ МЕСАРНИЦИПричината за труењето што ги погоди децата на возраст од 1 до 12 години сè уште не е потврдена, но две локални месарници се затворени како мерка на претпазливост, бидејќи се смета дека неколку деца јаделе месо од продавниците. (Фото: Гети)

    Дванаесетгодишно девојче почина, а седум деца се в болница по тешко труење со храна во градот Сен Квентин, јужно од Лил во северна Франција. Симптомите почнаа да се појавуваат на 12 јуни, а децата беа итно однесени в болница во текот на следните денови.

    Причината за труењето што ги погоди децата на возраст од 1 до 12 години сè уште не е потврдена, но две локални месарници се затворени како мерка на претпазливост, бидејќи се смета дека неколку деца јаделе месо од продавниците.

    Девојчето почина во понеделникот од ретка состојба наречена хемолитичен уремичен синдром (ХУС) поврзан со акутна бубрежна инсуфициенција; најчеста причина за тоа е бактеријата ешерихија коли. Последниот случај беше пријавен во средата навечер, соопшти регионалниот здравствен орган во Го де Франс. Сите осум деца беа примени в болница со тешки дигестивни симптоми, како што е крвава дијареја, а пет од нив развиле ХУС, соопшти органот.

    „Имаме вкупно 10 потврдени случаи, меѓу кои едно дете примено во болница во Ремс. Значи, сè уште постои загриженост“, изјави локалната градоначалничка Фредерик Макарез за радиото Франс Инфо.

    Градоначалничката рече дека нема 100% сигурност оти труењето дошло од двете месарници, но некои од семејствата повремено купувале месо таму. Примероци од двете продавници беа испратени за анализа во текот на викендот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира