Славниот и наградуван британски актер сер Џон Харт почина на 77 години, соппшти неговот агент. Харт беше еден од најпознатите и најразновидни актери. Прославен по улогите во „Осмиот патник“ и „Човекот слон“, Харт боледуваше од рак на панкреасот во 2015, но во филмови играше до последен момент. Една од неговите последни улоги е во „Џеки“, биофилмот за сопругата на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди.
Сцената од „Осмиот патник“ во која умира неговиот лик се смета за една од највпечатливите во филмската историја. Харт играше и главна улога во „1984“ според романот на Џорџ Орвел.
На прашањето како успева секојпат да создаде впечатлива изведба, Харт еднаш изјави: „Единствено што можам да објаснам е дека ставам сѐ во дудинката на мојот мозок, и се надевам дека ќе ферментира и ќе создаде пристојно вино. А, како тој процес се случува, за жал не можам да опишам“.
Во 2015 Харт беше одликуван за витез за неговиот придонес во драмската уметност.