ПОЧИНА АРЕТА ФРЕНКЛИН, ЛЕГЕНДАРНАТА КРАЛИЦА НА СОУЛ МУЗИКАТА

    ПОЧИНА АРЕТА ФРЕНКЛИН, ЛЕГЕНДАРНАТА КРАЛИЦА НА СОУЛ МУЗИКАТАЛегендарната пејачка во 2010 беше дијагностицирна со рак и лани објави дека се пензионира од музиката (Фотo: АП)

    Арета Френклин, кралицата на соул музиката која стана првата жена што влезе во Рокенрол холот на славните, почина во Детроит на 76 години. Легендарната пејачка во 2010 беше дијагностицирна со рак на панкреас и лани објави дека се пензионира од музиката.

    Позната по хитови како „Почит“ (Respect) „Кажувам мала молитва“ (I Say a Little Prayer) и „Размисли“ (Think), таа имаше на 20 американски број еден хитови во  кариерата што траеше седум децении. Последен пат настапи минатиот ноември, на гала во Њујорк што се одржа во знак на поддршка на фондацијата за СИДА на Елтон Џон.

    Родена во Мемфис како ќерка на на евангелска пејачка и пијанистка и прославен баптистички проповедник, Френклин беше образувана од рана возраст од такви евангелски ѕвезди како Махалија Џексон и Клара Вард. Таа имаше проблем да се прослави во раните години, оти издавачката куќа Колумбија не беше сигурна како да се справи со нејзиниот импресивно моќен глас. На 20 години веќе беше суперѕвезда. Нејзините плочи се продадоа во милиони примероци и има освоено 18 награди Греми.

    Беше пријателка на Мартин Лутер Кинг и пееше на неговиот погреб, а пееше и на инауграцијата на претседателите Бил Клинтон и Џими Картер и на погребот на активистката за човекови права Роза Паркс.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира