ПОЧИНА БАРБАРА БУШ, ПОРАНЕШНАТА ПРВА ДАМА НА САД

    ПОЧИНА БАРБАРА БУШ, ПОРАНЕШНАТА ПРВА ДАМА НА САДБарбара Буш, која беше прва дама од 1989 до 1993, е сопруга на претседателот Џорџ Х.В. Буш и мајка на претседателот Џорџ Буш помладиот (Фото: АП)

    Поранешната прва дама на САД Барбара Буш почина вчера на 92 години. Таа беше значајна фигура во политичката династија, која вклучуваше двајца претседатели – нејзиниот сопруг Џорџ Х.В. Буш и нејзиниот син Џорџ Буш помладиот.

    Барбара Буш, која беше прва дама од 1989 до 1993, веќе одреден период се соочувала со здравствени проблеми, но одбила натамошни медицински третмани.

    Таа и Џорџ беа во брак од 1945 и се најдолговечна претседателска двојка во историјата на САД. Таа е втората прва дама чиј што син станал престедател, првата е Абигејл Адамс, сопруга на претседателот Џон Адамс и мајка на Џон Квинси Адамс. Нејзиниот син Џорџ В. Буш беше избран во 2000 година и служеше два мандати како 43-ти претседател на САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира