ПОЧИНА ФЕРИД МУРАД, ДОБИТНИКОТ НА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА ПО ПОТЕКЛО ОД ГОСТИВАР

    ПОЧИНА ФЕРИД МУРАД, ДОБИТНИКОТ НА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА ПО ПОТЕКЛО ОД ГОСТИВАРИстражувањата на Мурад придонесоа за развојот на нови лекови за срцеви болести

    Американскиот фармаколог и нобеловец Ферид Мурад, кој имаше потекло од Македонија, почина во Калифорнија на 86 години. Мурад беше еден од добитниците на Нобеловата награда за медицина во 1998 година за неговите важни откритија на полето на кардиоваскуларна медицина.

    Мурад е роден во Вајтинг во американската сојузна држава Индијана во 1936 година. Неговиот татко бил доселеник од Гостивар, а мајка Американка. Докторирал во Кливленд, а потоа предавал на медицинското училиште на Универзитетот на Вирџинија. Од 1981 продолжил со своите истражувања на универзитетите во Стенфорд и Хјустон.

    Мурад во почетокот на 1970-ите почнал со своите пионерски истражувања за улогата на азот моноксидот во кардиоваскуларниот систем, откривајќи дека тој има клучна улога во опуштањето на крвните садови и во подобрувањето на протокот на крвта. Тоа доведе до развојот на нови лекови за срцеви болести и му ја донесе Нобеловата награда.

    Мурад во 2018 година го посети својот роден крај и во негова чест општата болница во Гостивар беше преименувана во „Д-р Ферид Мурад“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира