ПОЧИНА О ЏЕЈ СИМПСОН, БИВША ФУДБАЛСКА ЅВЕЗДА КОЈА БЕШЕ ОСЛОБОДЕНА ЗА ДВОЈНО УБИСТВО НА „СУДЕЊЕТО НА ВЕКОТ“

    ПОЧИНА О ЏЕЈ СИМПСОН, БИВША ФУДБАЛСКА ЅВЕЗДА КОЈА БЕШЕ ОСЛОБОДЕНА ЗА ДВОЈНО УБИСТВО НА „СУДЕЊЕТО НА ВЕКОТ“Симпсон во 2008 беше осуден на 33 години затвор за вооружен грабеж, но беше пуштен во 2017 (Фото: АП)

    О Џеј Симпсон, некогашниот американски фудбалер кој контроверзно беше ослободен за двојно убиство, почина на 76 години, објави неговото семејство. Со полно име Орентал Џејмс Симпсон, тој стана фудбалска ѕвезда уште во колеџ, пред да одигра 11 сезони во НФЛ.

    Во 1995 година Симпсон беше ослободен за убиството на бившата сопруга Никол Браун и нејзиниот пријател Роналд Голдман, во судење што наголемо се следеше во САД. Потоа во 2008 беше осуден на 33 години затвор за вооружен грабеж, но беше пуштен во 2017.

    Симпсон почина од рак во средата окружен со неговите деца и внуци“, напиша неговото семејство на Икс.

    Симпсон се здоби со слава, богатство и почит низ неговата спортска и актерска кариера, но сето тоа се промени во јуни 1994, кога беше обвинет дека со нож ги убил Браун и Голдман. Тој беше уапсен по голема брканица низ Лос Анџелес, што се пренесуваше во живо на телевизија, а јавноста потоа со огромен интерес го следеше „судењето на векот“.

    Поротата на кривичниот суд го прогласи за невин во 1995, но на посебно граѓанско судење во 1997 беше прогласен за одговорен за убиствата и му беше наложено да им плати 33,5 милиони долари на семејствата на Браун и Голдман.

    Една деценија подоцна тој повторно беше уапсен, овојпат за вооружен грабеж во хотелска соба во Лас Вегас и отслужи девет години во зафрлен затвор во Невада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира