ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЖАК ШИРАК

    ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЖАК ШИРАКШирак беше претседател на Франција во два мандата, од 1995 до 2007 година (Фото: Гети)

    Поранешниот француски претседател Жак Ширак почина на 86 години.

    Тој ја извршуваше функцијата во два мандата и во негово време земјата премина на заедничката европска валута, но по повлекувањето од политиката се соочи со обвинувања за корупција.

    Ширак политички се ангажираше во 1950-ите години како член на Комунистичката партија на Франција, но вистински пробив направи откако во 1962 беше назначен за шеф на кабинетот на премиерот Жорж Помпиду, кога благодарение на своите способности се здоби со прекарот Булдожер. Првата висока функција му беше министер за земјоделство, за на 41 година да стане премиер.

    Од 1977 до 1995 година, Ширак беше градоначалник на Париз, а потоа го почна својот прв претседателски мандат и на оваа функција остана до 2007 година. Една од неговите најголеми политички реформи беше намалувањето на претседателскиот мандат од седум на пет години.

    Како претседател, тој жестоко се спротивставуваше на американската инвазија на Ирак во 2003.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира