ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПАПА БЕНЕДИКТ 16

    ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПАПА БЕНЕДИКТ 16Бенедикт 16 ја предводеше католичката црква помалку од осум години до 2013 година, кога стана првиот папа кој дал оставка по Грегори 12 во 1415 година. (Фото: Ватикан/Твитер)

    Поранешниот папа Бенедикт 16 почина денеска на 95 години во неговата резиденција во Ватикан, речиси една деценија откако се повлече поради нарушеното здравје.

    Тој ја предводеше католичката црква помалку од осум години до 2013 година, кога стана првиот папа кој дал оставка по Грегори 12 во 1415 година.

    Бенедикт 16 ги помина своите последни години во манастир во Ватикан. Неговиот наследник, папата Фрањо, велеше дека редовно го посетува таму.

    „Со жал соопштуваме дека поранешниот папа Бенедикт 16 почина денеска во 9.34 часот во манастир во Ватикан“, објави Ватикан.

    Роден како Јозеф Рацингер во Германија, Бенедикт 16 имаше 78 години кога во 2005 година стана папа. За време на неговото раководење, католичката црква се соочуваше со многу обвинувања и истраги за злоупотреба на деца. На почетокот на годинава, тој призна дека имало грешки при справувањето со случаите на злоупотреба на деца додека бил свештеник во Минхен од 1977 до 1982 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира