ПОЧИНА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ТАНЗАНИЈА ЏОН МАГУФУЛИ, КОЈ ГИ ПОВИКУВАШЕ ЛУЃЕТО ДА СЕ БОРАТ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ СО МОЛИТВИ И БИЛКИ

    ПОЧИНА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ТАНЗАНИЈА ЏОН МАГУФУЛИ, КОЈ ГИ ПОВИКУВАШЕ ЛУЃЕТО ДА СЕ БОРАТ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ СО МОЛИТВИ И БИЛКИМагуфули не беше виден во јавност од 27 февруари, што покрена шпекулации дека се лекува од ковид-19 (Фото: АФП)

    Претседателот на Танзанија Џон Магуфули почина на 61 година среде шпекулациите дека се лекувал од ковид-19. Веста за неговата смрт ја потврди потпретседателот Самија Сулуху Хасан, кој кажа дека тој починал во болница во Дар ес Салам од компликации од срцето.

    Магуфули не беше виден во јавност од 27 февруари, што покрена шпекулации за неговата здравствена состојба. Опозициски политичари тврдеа дека тој се заразил со коронавирус, но за ова нема официјална потврда.

    Магуфули, кој првпат дојде на функцијата во 2015 година и лани го освои вториот мандат, важеше за еден од најголемите скептици за коронавирусот во Африка и ги повикуваше луѓето да му се спротивстават на вирусот со молитви и терапии на база на билки.

    Минатиот јуни, тој објави дека во Танзанија веќе го нема коронавирусот, ги исмеваше носењето маски и соседните земји кои имаа воведено рестриктивни мерки и ја оспоруваше точноста на тестирањата. Земјата во мај престана да објавува бројки поврзани со епидемијата, а владата одбиваше да обезбеди вакцини.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира