Принцот Филип, кој повеќе од седум децении беше во брак со кралицата Елизабета Втора, почина денеска на 99 години, потврди кралското семејство на Фејсбук.
„Со длабоко жалење, нејзиното височество кралица соопштува дека нејзиниот сакан сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург, почина мирно утрово во замокот Виндзор“, објави Бакингамската палата, не наведувајќи ги причините за смртта.
Принцот Филип, кој во јуни требаше да наполни 100 години, во изминатиот период се лекуваше во лондонски болници поради проблеми со срцето.
Во ноември минатата година, Елизабета и Филип одбележаа 73 години брак.