ПОЧИНА СЛАВНИОТ МОДЕН ДИЗАЈНЕР РОБЕРТО КАВАЛИ

    ПОЧИНА СЛАВНИОТ МОДЕН ДИЗАЈНЕР РОБЕРТО КАВАЛИКавали го лансираше својот истоимен моден бренд во 1970 (Фото: Гети)

    Легендарниот италијански моден дизајнер Роберто Кавали почина на 83 години по долго боледување, објавија италијанските медиуми. Од Софија Лорен и Брижит Бардо во 1970-тите до Ким Кардашијан и Џенифер Лопез денес, креациите на Кавали беа омилени кај славните личности со децении.

    Роден на 15 ноември 1940 во Фиренца, тој го лансираше својот истоимен моден бренд во 1970. Во почетокот дизајнирал јакни, фармерки и минифустани од тексас и ги продавал своите луксузни парчиња облека во бутикот на Сен Тропе на француската ривиера.

    Во следните две децении бил познат главно во Европа, а потоа во 1990-тите го вратил во мода луксузниот тексас, додавајќи ликра во фармерки за да ги направи поцврсти и посекси. Откако Наоми Кембел ги носеше на една ревија во 1993, растегливи фармерки станаа огромен тренд. Тоа го направи Кавали едно од најголемите имиња во светот на модата, статус што го задржа до денес.

    Кавали се повлече од активни улоги во својот моден бренд во 2015.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира