ПОЧИНА СРПСКИОТ АКТЕР МИЛОРАД МАНДИЌ-МАНДА

a:1:{s:9:"td_source";s:29:"Скопје,(МЕТА.МК)

    ПОЧИНА СРПСКИОТ АКТЕР МИЛОРАД МАНДИЌ-МАНДА

    Актерот Милорад Мандиќ – Манда почина во 55. година од животот, откако му се слошило на сцената додека ја изведувал претставата „Петар Пан“ во белградскиот театар „Бошко Буха“, пренесуваат српските медиуми.

    Причина за смртта на актерот е срцев удар.

    На премиерната изведба на детската претстава, на Мандиќ му се слошило на сцената, поради што претставата била прекината. Актерот веднаш бил хоспитализиран.

    Милорад Мандиќ – Манда е роден во Белград на 3 мај 1961 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, по што станува дел од белградскиот детски театар „Бошко Буха“.

    Една од најзабележителните улоги ја имаше во филмот на Срѓан Драгојевиќ, „Убавите села, убаво горат“ (Лепа села, лепо горе).

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари