Жителите на едно романско гратче убедливо му доверија уште еден мандат на својот досегашен градоначалник, иако тој почина пред две недели од ковид-19, велејќи дека завршил добра работа и заслужил посмртно да победи.
Десетици жители на Девеселу го посетија гробот на социјалдемократот Јон Алиман и запалија свеќа по завршувањето на вчерашните локални избори.
„Ова е ваша победа. Знајте дека ќе бевте горди на нас. Почивајте во мир“, изјави еден жител.
Алиман го добил третиот мандат со освоени 64% гласови, објави локалната изборна комисија.
„Тој беше вистински градоначалник за нас. Беше на страната на селото и ги почитуваше сите закони. Не верувам дека некогаш ќе имаме градоначалник како него“, изјави една жителка на Девеселу.
Алиман (57) починал на 17 септември во болница во Букурешт. Од изборната комисија кажаа дека неговото име веќе беше отпечатено на гласачките ливчиња и дека ќе се одржат нови избори.