ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА РОДИТЕЛИТЕ НА ТИНЕЈЏЕРОТ КОЈ ЛАНИ ИЗВРШИ МАСАКР ВО ШКОЛО ВО БЕЛГРАД, ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНО ЗА ЈАВНОСТ

    ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА РОДИТЕЛИТЕ НА ТИНЕЈЏЕРОТ КОЈ ЛАНИ ИЗВРШИ МАСАКР ВО ШКОЛО ВО БЕЛГРАД, ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕНО ЗА ЈАВНОСТТаткото и мајката на Коста Кецмановиќ се обвинети за сериозен чин против општата безбедност (Фото: АП)

    Во Србија почна судењето на родителите на тинејџерот кој во мај минатата година уби десет луѓе, од кои девет соученици во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, масакр кој го шокираше регионот.

    Тринаесетгодишниот напаѓач Коста Кецмановиќ оттогаш се наоѓа во ментална установа и поради возраста не може да се смета за кривично одговорен според српските закони. Неговите татко и мајка се обвинети за сериозен чин против општата безбедност затоа што не ги заштитиле оружјето и муницијата употребени во пукањето, чиј мотив останува непознат. 

    Високиот суд во Белград одлучи целата постапка да биде затворена за јавност, наспроти барањата на адвокатите на обвинителството.

    Судот денеска донесе одлука за исклучување на јавноста од целиот тек на оваа постапка, наведувајќи дека тоа се прави за да се заштитат интересите на малолетниците и некои приватни интереси на учесниците во постапката. Нашиот став е дека одлуката на судот беше апсолутно избрзана“, рече адвокатката Ирина Боровиќ.

    Јавниот обвинител Ненад Стефановиќ изјави дека очекува слободно и фер судење.

    Српските медиуми објавија дека родителите на Коста биле прегрнати во судницата и плачеле. Таткото е обвинет и дека го учел момчето како да пука, а обвинение добиле и управител на стрелиште и еден инструктор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира