ПОЧНАА ДА ЗАТВОРААТ КЛИНИКИ ЗА АБОРТУСИ ВО САД ПО ОДЛУКАТА НА ВРХОВНИОТ СУД

    ПОЧНАА ДА ЗАТВОРААТ КЛИНИКИ ЗА АБОРТУСИ ВО САД ПО ОДЛУКАТА НА ВРХОВНИОТ СУДШирум САД се одржуваат протести против одлуката на Врховниот суд да го укине уставното право на абортус. (Фото: Би-Би-Си)

    Клиники за абортуси почнаа да се затвораат во дел од американските држави откако Врховниот суд во петокот го укина уставното право на американските жени да абортираат. Околу половина од 50-те американски држави се очекува да воведат нови рестрикции или забрани за абортус откако Врховниот суд го укина своето решение од пред 50 години во случајот „Ро против Вејд“. 13 држави веќе имаат закони кои стапуваат во сила 30 дена по одлуката на Врховниот суд.

    Во Феникс, Аризона, полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои удираа по прозорците и вратите на седиштето на државната управа. Во Лос Анџелес, демонстрантите блокираа автопат, а се очекува протестите да продолжат и викендов.

    Клиника за абортуси во Литл Рок, Арканзас, ги затвори вратите за пациенти веднаш штом беше објавена одлуката на Врховниот суд. Вработените таму им се јавуваа на жени да им кажат дека термините им се откажани.

    Севкупно, се очекува со одлуката на Врховниот суд 36 милиони жени да останат без пристап до абортуси во своите држави, според здравствената организација „Планирано родителство“, која што обезбедува абортуси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира