ПОЧНАА УЛИЧНИ БОРБИ ВО КИЕВ, ЗЕЛЕНСКИ ЈА ОДБИ АМЕРИКАНСКАТА ПОНУДА ДА БИДЕ ЕВАКУИРАН ОД ГЛАВНИОТ ГРАД

    ПОЧНАА УЛИЧНИ БОРБИ ВО КИЕВ, ЗЕЛЕНСКИ ЈА ОДБИ АМЕРИКАНСКАТА ПОНУДА ДА БИДЕ ЕВАКУИРАН ОД ГЛАВНИОТ ГРАДУкраинскиот претседател Зеленски објави ново видео рано утринава, потврдувајќи дека е во Киев и им порача на сограѓаните дека борбата продолжува. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Руските трупи го нападнаа украинскиот главен град Киев ноќеска по што избија борби по улиците, додека градските власти побараа од граѓаните да најдат засолниште. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одби понудата на САД да биде евакуиран, инсистирајќи дека ќе остане во престолнината.

    „Борбата е тука“, вели тој.

    Зеленски објави ново видео рано утринава, потврдувајќи дека е во Киев и им порача на сограѓаните дека борбата продолжува.

    Судирите на периферијата на Киев сугерираат дека помали руски единици ја тестираат украинската одбрана пред да дојде главницата од руските сили. На уличните борби им претходеа борби и бомбардирања во кои беа уништени мостови, училишта и станбени згради, што резултираше со стотици загинати.

    Американската влада побара од Зеленски да се евакуира од Киев, но тој ја одби понудата, според висок американски разузнавач, кој е запознаен со содржината на разговорот.

    Разузнавачот го цитираше украинскиот претседател како вели дека „борбата е тука“ и дека му е потребна антитенковска муниција, а не превоз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира