ПОЧНУВА ЕВАКУАЦИЈАТА НА 60.000 ЖИТЕЛИ НА ХЕРСОН ПРЕД ОЧЕКУВАНАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ

    ПОЧНУВА ЕВАКУАЦИЈАТА НА 60.000 ЖИТЕЛИ НА ХЕРСОН ПРЕД ОЧЕКУВАНАТА БИТКА ЗА ГРАДОТРуските власти признаа дека ситуацијата во Херсон е тешка (Фото: АП)

    Прорускиот лидер на окупираниот регион Херсон, Владимир Салдо, изјави дека се планира евакуација на 50.000-60.000 луѓе во следните денови поради напредувањето на украинските сили. Тој кажа дека властите ќе ги преселат луѓето на левиот брег на реката Днепар, со цел да бидат безбедни и да ѝ се овозможи на армијата да дејствува решително.

    Според проценките во Салдо, во следните шест дена ќе се евакуираат по 10.000 луѓе на ден и некои региони во Русија биле подготвени да ги примат.

    „Повеќе од 5.000 луѓе веќе го напуштиле Херсон во изминатите два дена“, кажа Салдо.

    Новиот заповедник на руските сили во Украина, генералот Сергеј Суровикин, призна дека ситуацијата во Херсон е тешка и ги повика жителите да се евакуираат. Иако Путин го прогласи Херсон за анектиран, украинските сили забрзано напредуваа во изминатите недели и ја имаат поместено линијата на фронтот за 30-ина километри, при што постои опасност руските трупи да бидат отсечени на западниот брег на Днепар.

    „Украина трупа војска за обемна офанзива“, вели Салдо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира