МАКЕДОНИЈА Е ГРЧКА, ИЗВИКУВАА СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ГРЦИ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ВО АТИНА

    МАКЕДОНИЈА Е ГРЧКА, ИЗВИКУВАА СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ГРЦИ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ВО АТИНАОрганизаторите најавуваа дека на протестот ќе дојдат милион луѓе (Фото: ЕПА)

    Стотици илјади Грци излегоа на улиците на Атина, протестирајќи против какво било компромисно решение во решавањето на неколкудеценискиот спор помеѓу Скопје и Атина околу употребата на името Македонија.

    „Македонија е грчка“, „Подалеку рацете од Македонија“, извикуваа демонстрантите собрани на плоштадот Синтагма, пред грчкиот парламент.

    „Македонија е грчка и единствено грчка. Тие се обидуваат да ја украдат нашата историја. Мора да се бориме, за да знае целиот свет“, изјави Алија Сарелис, кој допатува од САД специјално за протестот.

    Околу 2.500 автобуси пристигнаа од северна Грција, како и два брода од Крит, превезувајќи ги демонстрантите, објавија медиумите, додека полицијата не ги потврди овие бројки. Организаторите најавуваа дека на протестот ќе дојдат милион луѓе.

    Според медиумите, за протестот во Атина дошле околу 2.500 автобуси од северна Грција, како и два брода од Крит

    „Илјадници жители на Крит ја пролеале својата крв за Македонија“, кажа еден од нив.

    Еден од главните говорници беше 92-годишниот композитор Микис Теодоракис.

    „Јас сум мирен и подготвен. Не дозволувајте да бидете уплашени“, кажа Теодоракис.

    Во исто време, анархистичките групи одржаа контрапротест, повикувајќи на балканско единство.

    Пред две недели, голем протест се одржа и во Солун, на кој, според полицијата, имало 90.000 луѓе, а според организаторите – 400.000.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира