ПОДДРЖУВАМЕ ПРИМИРЈЕ, НО САМО АКО ВОДИ КОН ТРАЕН МИР, КАЖА ПУТИН

    ПОДДРЖУВАМЕ ПРИМИРЈЕ, НО САМО АКО ВОДИ КОН ТРАЕН МИР, КАЖА ПУТИНПутин смета дека проблемот со примирјето е што тоа би ѝ дало шанса на Украина да се вооружи и да преземе иницијатива

    Владимир Путин изјави дека Русија се согласува со предлогот за 30-дневно примирје со Украина, но дека мора да се отстрани коренот на кризата.

    Го прифаќаме предлогот за примирје за да прекинат непријателствата, но ние тргнуваме од тоа дека овој прекин на огнот треба да доведе до траен мир и треба да ги отстрани основните причини за оваа криза“, изјави Путин по средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Кремљ.

    Сепак, тој го повтори ставот на својот советник за надворешна политика Јури Ушаков дека проблемот со примирјето е што тоа би ѝ дало шанса на Украина да се вооружи и да преземе иницијатива во периодот кога Русија напредува на фронтот.

    Како што знаете, руските трупи напредуваат практично во секој сектор на фронтот и постојат сите услови да опколиме прилично големи украински единици. Значи, што би се случило во текот на тие 30 дена? Дали тоа би ѝ овозможило на Украина да продолжи со принудна мобилизација, снабдување со оружје и со обука на новомобилизираните единици или нема да го направи тоа?“, кажа Путин.

    Тој праша и кој би го надгледувал прекинот на огнот.

    Кој ќе даде наредба за прекин на непријателствата? Кој ќе одлучува каде има прекршување на прекинот на огнот долж 2.000 километри долгиот фронт? Овие прашања треба внимателно да се проучат од двете страни. Идејата е добра и ние апсолутно ја поддржуваме, но има прашања за кои треба да разговараме и мислам дека треба да преговараме со нашите американски колеги и партнери. Самата идеја да се стави крај на овој конфликт на мирен начин ние ја поддржуваме“, рече Путин и навести дека телефонски ќе разговара со Доналд Трамп, но тоа нема да се случи денеска.

    Тој се осврна и на својата вчерашна посета на Курск, каде што руската војска е во противофанзива и веќе го ослободи речиси целиот регион.

    Ситуацијата во Курск е под целосна контрола, а групите кои ја нападнаа нашата земја се целосно изолирани. Украинските трупи веќе не можат да ја напуштат областа. Или ќе се предадат или ќе умрат“, кажа Путин.

    Тој вечерва ќе се сретне со специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира