Турските власти формално поднеле обвиненија против 99 генерали и околу 360 офицери поради нивната наводна улога во обидот за државен удар, соопштија денеска турските претставници. Според истите извори, уште 14 генерали ќе останат во притвор.
Власта им забрани на сите универзитетски професори да патуваат во странство, додека продолжува чистката на сите осомничени дека имаат врска со пучот.
Турските власти во последните неколку дена спроведуваат масовни смени и апсења во војската, полицијата, државите служби и во образовниот систем. Досега се уапсени, сменети или суспендирани повеќе од 50.000 лица. Отпуштени се 21.000 наставници, 15.000 вработени во образованието, сменети 1.577 декани.