ПОГРЕБОТ НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА ЌЕ БИДЕ НА 19 СЕПТЕМВРИ

    ПОГРЕБОТ НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА ЌЕ БИДЕ НА 19 СЕПТЕМВРИДенеска ковчегот со кралицата тргна на пат до Единбург, а на патот почит ѝ оддаваат илјадници луѓе. (Фогто: АП)

    Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи во лондонската Вестминстерска опатија на 19 септември. Денеска ковчегот со телото на кралицата го напушти замокот Балморал, и ќе патува над 200 км низ градовите Абердин и Данди и покрај Перт, пред да пристигне во палатата Холирудхаус во Единбург, а на патот почит ѝ оддаваат илјадници луѓе.

    Утре ковчегот со кралицата ќе патува со поворка до катедралата „Свети Гилс“, придружуван од кралот Чарлс Трети и членовите на кралското семејство. Во вторник, принцезата Ана ќе го придружува ковчегот со нејзината мајка на летот за Лондон. Оттаму ќе патува до Бакингемската палата, а ќе го посведочат кралот Чарлс и кралицата сопруга Камила. В среда, ковчегот ќе биде однесен на јавна поворка низ центарот на Лондон, а потоа ќе биде положен за државна почит во Вестминстерската сала, каде ќе остане наредните четири дена. На 19 септември погреб ќе се одржи во Вестминстерската опатија.

    Чарлс Трети вчера беше прогласен за крал на детална церемонија во Лондон, а принцовите Вилијам и Хари и нивните сопруги Кејт и Меган се сретнаа со бројниот народ во Виндзор кога неочекувано излегоа заедно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира