ПОЛА МИЛИОН ЛУЃЕ ПРОТЕСТИРАА ВО ИЗРАЕЛ БАРАЈЌИ ОД НЕТАНЈАХУ ДА ПОТПИШЕ ДОГОВОР ЗА ПРИМИРЈЕ, ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ОПШТ ШТРАЈК

    ПОЛА МИЛИОН ЛУЃЕ ПРОТЕСТИРАА ВО ИЗРАЕЛ БАРАЈЌИ ОД НЕТАНЈАХУ ДА ПОТПИШЕ ДОГОВОР ЗА ПРИМИРЈЕ, ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ОПШТ ШТРАЈКВо Ерусалим, демонстрантите блокираа улици и протестираа пред резиденцијата на премиерот (Фото: АП)

    Масовни протести го погодија Израел вчера, а за денеска е најавен општ штрајк по смртта на шестмина заложници во Газа, што ги зголеми фрустрациите во земјата околу неуспехот на владата да обезбеди договор за примирје. Израелските медиуми велат дека околу пола милион луѓе протестираа во Ерусалин, Тел Авив и други градови, барајќи од премиерот Нетанјаху да направи повеќе за да ги врати преостанатите 101 заложник, од кои, според израелски функционери, околу една третина е мртва.

    Во Ерусалим, демонстрантите блокираа улици и протестираа пред резиденцијата на премиерот, додека во Тел Авив беше блокиран главниот автопат.

    Синдикалните лидери повикаа на еднодневен генерален штрајк денеска, со цел да се притисне владата да се согласи на примирје.

    Израелската војска викендов ги извлече телата на шестмина заложници од тунел во градот Рафа во јужна Газа. Според форензичките испитувања, тие биле убиени одблиску 48 до 72 часа порано.

    „Кој и да ги убил заложниците, не сака договор за примирје“, изјави Нетанјаху, додека Хамас го обвини Израел за смртта на заложниците затоа што одбива да потпише договор за прекин на огнот.

    „Израелците треба да изберат помеѓу Нетанјху и договорот“, изјави висок функционер на Хамас.

    И министерот за одбрана Јоав Галант побара да се потпише договор за примирје, а опозициските лидери ги повикаа луѓето да излезат на протести. Семејството на убиената заложничка Кармел Гат одби да разговара со Нетанјаху и исто така ги повика Израелците да протестираат.

    „Излезете на улиците и затворете ја државата додека сите заложници не се вратат дома. Тие се уште можат да бидат спасени“, кажа семејството Гат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира