Домот на ракетната компанија „СпејсЕкс“ на Илон Маск во јужен Тексас и официјално стана град, чие име е Старбејз. Тоа беше одобрено од малата група гласачи која живее тука и повеќето се вработени во „СпејсЕкс“.
Според резултатите од вчерашното гласање, 212 биле „за“ и само шест имало „против“.
„Тоа е сега вистински град“, прослави Маск на својата социјална мрежа Икс.
Старбејз е објект и полигон за лансирање на ракетната програма на „СпејсЕкс“ под договор со министерството за одбрана и НАСА. Маск првпат ја изложи идејата за Старбејз во 2021. Од 283 лица со право на глас во областа, најголем дел се локални работници.
Градот се наоѓа близу границата со Мексико и се простира на само четири квадратни километри.