ПОЛИЦИЈАТА ДРЖИ 50.000 ЖИТЕЛИ ВО СЕВЕРНА ИТАЛИЈА ВО КАРАНТИН, ОД КОРОНА ВИРУСОТ ЗАРАЗЕНИ 76 ЛИЦА

    ПОЛИЦИЈАТА ДРЖИ 50.000 ЖИТЕЛИ ВО СЕВЕРНА ИТАЛИЈА ВО КАРАНТИН, ОД КОРОНА ВИРУСОТ ЗАРАЗЕНИ 76 ЛИЦАМерките предвидуваат забрана за влез и излез од областите каде што е жариштето на вирусот што ќе биде контролирано од полицијата, а ако е потребно и од војската. Премиерот Џузепе Конти на вонредната седница на Владата (Фото: АНСА)

    Италијанската Влада во саботата навечер донесе декрет со многу строги мерки за запирање на ширењето на корона вирусот од кој според последните податоци се заразени 76 лица во десет помали градови на северот на земјата.

    Две лица на околу седумдесетгодишна возраст починаа од компликации предизвикани од вирусот.

    Мерките предвидуваат забрана за влез и излез од областите каде што е жариштето на вирусот што ќе биде контролирано од полицијата, а ако е потребно и од војската. Казните за тие што ќе го пробијат карантинот се многу високи.

    Се забрануваат сите школски екскурзии низ Италија и во странство, како и фудбалските натпревари од Серија А во Ломбардија и Венето.

    Сите што биле во контакт со лицата кои се позитивни на корона вирусот се во карантин и под строг надзор. Нема да работат школите, музеите, продавниците, освен оние кои обезбедуваат основни потреби на граѓаните.

    Владата на Италија овие строги мерки ги донесе за да го спречи ширењето на вирусот кој опасно се шири на северот во областите Ломбардија и Венето.

    Премиерот Џузепе Конте изјави дека „Италијаните мора да им веруваат на научните институции и политичарите кои прават сѐ што можат да го спречат ширењето на заразата“. Мерките кои ги соопшти премиерот се однесуваат на 10 општини во кои живеат околу 50.000 луѓе.

    „Ќе има црвени зони – неме влез, нема излез“, рече италијанскиот премиер Конте.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира