ПОЛИЦИЈАТА ГО ЗАСТРЕЛА НАПАЃАЧОТ КОЈ ВЧЕРА УБИ ДВАЈЦА ШВЕЃАНИ ВО БРИСЕЛ

    ПОЛИЦИЈАТА ГО ЗАСТРЕЛА НАПАЃАЧОТ КОЈ ВЧЕРА УБИ ДВАЈЦА ШВЕЃАНИ ВО БРИСЕЛБрисел прогласи највисоко ниво на закана од тероризам по синоќешното пукање (Фото: АФП)

    Бриселската полиција застрела маж за време на големата потрага по напаѓачот кој вчера уби двајца шведски државјани во главниот град на Белгија. Четириесет и петгодишниот Абдесалам Ласуед бил убиен во кафуле во населбата Схербек.

    „Застреланиот маж е осомничениот напаѓач“, изјави белгиската министерка за внатрешни работи Анелиз Ферлинден, додавајќи дека кај него е пронајдено автоматското оружје кое било користено во вчерашниот напад.

    Брисел прогласи највисоко ниво на закана од тероризам откако синоќа беа убиени двајца мажи кои носеле дрес на шведската фудбалска репрезентација. Откако се дозна за убиството, кое се случи на булевар на пет километри од стадионот „Крал Бодуен“, шведските фудбалери ја известија УЕФА дека не сакаат да го играат второто полувреме од квалификацискиот меч за ЕП 2024 против Белгија, со што домаќините се согласија, па средбата беше прекината.

    Обвинителите веднаш го прогласија пукањето за терористички чин. На видео објавено на социјалните мрежи, еден маж, зборувајќи на арапски јазик, призна дека го извршил нападот во името на Бога и дека убил тројца луѓе. Полицијата го опиша напаѓачот како радикализиран државјанин на Тунис кој илегално живеел во Белгија.

    Обвинителите сметаат деја тој бил инспириран од Исламска држава и дека мотивот за убиството е шведската националност на жртвите.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира