ПОЛИЦИЈАТА ОД ВТОР ОБИД УСПЕА ДА ГО УАПСИ ЈУЖНОКОРЕЈСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЈУН

    ПОЛИЦИЈАТА ОД ВТОР ОБИД УСПЕА ДА ГО УАПСИ ЈУЖНОКОРЕЈСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЈУНПовеќе од 1.000 полицајци учествуваа во акцијата за апсење на Јун (Фото: АП)

    Јун Сук Јеол стана првиот јужнокорејски претседател кој бил уапсен, со што беше ставен крај на еднонеделниот судир помеѓу истражителите и неговото лично обезбедување. Јун се најде под истрага за побуна откако прогласи воена состојба во државата, по што беше отповикан во парламентот.

    Тој технички и натаму е претседател зашто уставниот суд треба да одлучи дали отповикувањето е валидно.

    Полицијата мораше да користи скали и клешти за да стигне до 64-годишниот Јун, чие обезбедување постави барикади во обид да го спречи апсењето. Јун на крајот се согласи да се појави во Канцеларијата за истражување корупција (ЦИО) со цел да се спречи крвопролевање. Тој кажа дека ќе соработува во истрагата, иако тврди дека налогот за неговото апсење е законски невалиден.

    Одлучив да се појавам во ЦИО, иако ова е илегална истрага“, кажа Јун.

    Повеќе од 1.000 полицајци учествуваа во акцијата за апсење на Јун, што беше нивни втор обид да го уапсат.

    Апсењето на Јун покажа дека правдата во Јужна Кореја е жива. Ова е првиот чекор кон обновувањето на уставниот поредок и демократијата во земјата“, кажа лидерот на опозициската Демократска партија, Парк Чан-дае.

    Земјата во моментов ја води министерот за финансии Чои Санг-мок како привремен претседател.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира