ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА ВО СТАНОТ НА СРПСКАТА АНТИВАКСЕРКА ЈОВАНА СТОЈКОВИЌ ПОРАДИ ШИРЕЊЕ СТРАВ И ПАНИКА

    ПОЛИЦИЈАТА УПАДНА ВО СТАНОТ НА СРПСКАТА АНТИВАКСЕРКА ЈОВАНА СТОЈКОВИЌ ПОРАДИ ШИРЕЊЕ СТРАВ И ПАНИКАЈована Стојковиќ важи за еден од најгласните противници на вакцинирањето во Србија (Фото: Н1)

    Српската полиција утрово упадна во станот на претседателката на движењето „Живеам за Србија“ Јована Стојковиќ и нејзиниот сопруг поради, како што е наведено во судската одлука, ширење на страв и паника.

    „Што очекувате да пронајдете во станот, оружје и дрога? Дали некогаш некому бил претресен стан поради ширење на страв и паника? Се однесувате како да сме криминалци“, изјави Владимир Стојковиќ.

    Јована Стојковиќ, која важи за еден од најгласните противници на вакцинирањето во Србија, кажа дека полицијата ѝ упаднала во станот зашто се залага за слобода на избор при вакцинирањето на децата. Српските медиуми истакнуваат дека Стојковиќ е политичарка и психијатарка која среде пандемијата на коронавирусот продолжува јавно да ги изнесува своите ставови кои се спротивни на официјалните препораки и мислењето на струката.

    Министерството за внатрешни работи не излезе со официјално соопштение за претресот на станот на Стојковиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира