Полска ги закажа претседателските избори на 28 јуни, откако тие претходно беа одложени поради пандемијата на коронавирусот. Согласно новите правила, Полјаците ќе можат да изберат дали да гласаат на избирачко место или по пошта.
Полска требаше да ги одржи изборите на 10 мај, но нивното организирање предизвика политички хаос во земјата, па беа откажани четири дена пред гласањето.
Актуелниот претседател Анджеј Дуда важи за фаворит, а како негов нов конкурент се појави градоначалникот на Варшава Рафал Тжасковски, откако во меѓувреме успеал да собере 100.000 потписи.