ПОЛСКА КАЖА ДЕКА ЕВРОПА НЕМА ДА ФОРМИРА ЕДИНСТВЕНА АРМИЈА, КАКО ШТО ПОБАРА ЗЕЛЕНСКИ

    ПОЛСКА КАЖА ДЕКА ЕВРОПА НЕМА ДА ФОРМИРА ЕДИНСТВЕНА АРМИЈА, КАКО ШТО ПОБАРА ЗЕЛЕНСКИПолскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски кажа дека ЕУ моментално создава засилена бригада (Фото: Икс)

    Европските земји нема да формираат една заедничка армија како одговор на заканите од Русија, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски. Тој реагираше на вчерашните изјави на Володимир Зеленски дека дошло време за создавање европска војска бидејќи Америка можеби веќе нема да му помага на континентот.

    Мора да бидеме внимателни со терминот европска војска зашто луѓето под тоа подразбираат различни нешта. Ако мислите дека тоа значи обединување на националните армии, тоа нема да се случи. Но, јас сум заговорник на идејата Европа да развие свои одбранбени способности“, кажа Сикорски.

    Тој додаде дека ЕУ моментално создава засилена бригада.

    Ако САД сакаат да ја засилиме одбраната, тоа треба да има национална компонента, НАТО компонента, но верувам и европска компонента. Европска Унија треба да изгради свои капацитети за производство“, изјави Сикорски.

    Тој ја отфрли можноста за испраќање полски трупи во Украина.

    Должноста на Полска е да го штити источното крило на НАТО, односно својата територија“, нагласи Сикорски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира