ПОЛСКА КАЖА ДЕКА СОБОРИЛА ЧЕТИРИ ОД 19 РУСКИ ДРОНОВИ КОИ ВЛЕГЛЕ ВО ЗЕМЈАТА И ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ЗА ГОЛЕМА ПРОВОКАЦИЈА

    ПОЛСКА КАЖА ДЕКА СОБОРИЛА ЧЕТИРИ ОД 19 РУСКИ ДРОНОВИ КОИ ВЛЕГЛЕ ВО ЗЕМЈАТА И ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ЗА ГОЛЕМА ПРОВОКАЦИЈАРусија сѐ уште не се огласила за инцидентот во Полска (Фото: Гети)

    Полскиот премиер Доналд Туск ја обвини Русија за провокација од големи размери откако ноќеска беа соборени неколку дрона во полскиот воздушен простор за време на руски напад врз Украина. Тој кажа дека имало 19 навлегувања на дронови во полскиот воздушен простор, од кои четири биле соборени.

    Полскиот воздушен простор беше нарушен од голем број дронови. Оние кои претставуваа закана беа соборени од пилотите на Полска и НАТО. Ова е првпат руски дронови да се соборуваат над територијата на членка на НАТО. Сите наши сојузници ја сфаќаат ситуацијата многу сериозно, Нема извештаи за жртви“, изјави Туск, додавајќи значаен број дронови долетале од Белорусија.

    Русија сѐ уште не се огласила за инцидентот, додека заменик-министерот за одбрана на Белорусија Павел Муравјејка изјави дека дроновите случајно влегле во Полска откако нивните навигациски системи биле блокирани.

    Дроновите се изгубиле попат, и Белорусија собори неколку дрона над својата територија“, рече тој.

    Полската војска кажа дека во воената операција учествувале и холандски борбени авиони „Ф35“, а остатоци од дрон се пронајдени во село во источна Полска, оддалечено 40 километри од границата со Белорусија.

    Туск рече дека Полска побарала да се активира Член 4 од договорот на НАТО, кој им овозможува на земјите-членки да покренат прашање во Северноатлантскиот совет.

    Нема сомнение дека оваа провокација е неспоредливо поопасна за Полска од претходните. Ова не е војна само за Украинците. Ова е конфронтација што Русија ја објави против целиот слободен свет“, кажа Туск пред пратениците во парламентот.

    Поради инцидентот, привремено беше затворен и најголемиот аеродром во Полска, „Шопен“ во Варшава.

    Ова е исклучително опасен преседан за Европа. Русите мора да ги почувствуваат последиците. Русија мора да знае дека војната не може да се прошири и дека ќе мора да се заврши. Паузата во санкциите траеше предолго, потребен е силен одговор од сојузниците на Украина“, изјави Володимир Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира