ПОЛСКА ЌЕ ИСПРАТИ УШТЕ 500 ПОЛИЦАЈЦИ ДА ЈА ЧУВААТ ГРАНИЦАТА СО БЕЛОРУСИЈА

    ПОЛСКА ЌЕ ИСПРАТИ УШТЕ 500 ПОЛИЦАЈЦИ ДА ЈА ЧУВААТ ГРАНИЦАТА СО БЕЛОРУСИЈАОсвен од мигранти, Полска се штити и од потенцијални закани откако платеничката војска на „Вагнер“ се пресели во Белорусија. (Фото: Гети)

    Полска денеска соопшти дека ќе испрати 500 полицајци за да ја зајакне безбедноста на границата со Белорусија и да се справи со зголемениот број мигранти кои минуваат, како и со сите потенцијални закани откако групата платеници „Вагнер“ се пресели во Белорусија.

    „Поради тензичната ситуација на границата со Белорусија решив да ги засилиме нашите сили со 500 полски полицајци од единиците за превентивна и антитерористичка единица“, напиша министерот за внатрешни работи Мариуш Камински на својот Твитер профил и рече дека полициските сили ќе им се придружат на 5.000 граничари и 2.000 војници во обезбедувањето на границата.

    Полска ја обвини Белорусија дека вештачки создава мигрантска криза на границата од 2021 со тоа што со авиони носи од луѓе од Блискиот Исток и Африка и се обидува да ги потисне преку границата. Полската гранична стража денеска соопшти дека 187 лица вчера се обиделе илегално да преминат во Полска од Белорусија, а бројките постојано се зголемуваат во последните месеци, иако тие се далеку под нивото забележано во 2021.

    Портпаролката на полската гранична стража рече дека полските патроли на границата исто така се соочиле со поагресивно однесување во изминатите два месеци, бидејќи бројот на мигранти се зголемил.

    „Групите се поагресивни. Имаше многу напади врз полските патроли. Седумнаесет возила се оштетени оваа година, од кои 13 само во јуни“, рече портпаролката на Граничната стража Ана Михалска.

    Заменик-министерот и координатор на специјалните служби Станислав Зарин, за Ројтерс изјави дека поголемото безбедносно присуство е исто така одговор на трансферот на платеници од групата „Вагнер“ во Белорусија.

    Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да им понуди на војниците од приватната воена компанија да изберат да се преселат во Белорусија, доведе до стравувања кај источните членки на НАТО дека нивното присуство ќе предизвика поголема нестабилност во регионот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира