ПОЛСКА ПОДГОТВЕНА ДА ИСПРАТИ ТЕНКОВИ ВО УКРАИНА БЕЗ СОГЛАСНОСТ ОД ГЕРМАНИЈА

    ПОЛСКА ПОДГОТВЕНА ДА ИСПРАТИ ТЕНКОВИ ВО УКРАИНА БЕЗ СОГЛАСНОСТ ОД ГЕРМАНИЈАПолскиот премиер Моравјецки вели дека нема долго да ја чекаат Германија (Фото: Гети)

    Полска е подготвена да дејствува сама и да испрати тенкови во Украина и без дозвола од Германија, изјави премиерот Матеуш Моравјецки, додека се чека конечната одлука од Берлин.

    Полска вети дека ќе ја помогне украинската војска со 14 тенкови „леопард“, но бидејќи тие се од германско производство, потребна е согласност од Германија, што досега не е дадена од канцеларот Олаф Шолц.

    Согласноста е секундарно прашање. Или ќе ја добиеме брзо или сами ќе ја направиме вистинската работа“, изјави Моравјецки.

    Украина верува дека западните тенкови би им дале значајна огнена моќ на нејзините сили додека се очекува нова руска офанзива, при што експертите сметаат дека германските тенкови „леопард“, кои се составен дел од армиите низ Европа, се најсоодветниот избор. Поради тоа, Германија веќе некое време се наоѓа под притисок да испрати тенкови во Украина.

    Покрај Полска, и други држави чекаат одобрување од германската влада, која, пак, кажа дека нема да го направи тоа без САД.

    Најважната работа е Германците да ги дадат своите модерни тенкови што е можно побрзо, зашто од тоа зависат одбранбените способности на Украина и безбедноста на цела Европа“, кажа Моравјецки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира