ПОЛСКО РАДИО ГИ ОТПУШТИ СИТЕ НОВИНАРИ И ГИ ЗАМЕНИ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

    ПОЛСКО РАДИО ГИ ОТПУШТИ СИТЕ НОВИНАРИ И ГИ ЗАМЕНИ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАОд радиото велат дека нивните три аватари се дизајнирани за да допрат до помладите слушатели (Фото: Радио ОФФ)

    Радиостаница во Полска предизвика контроверзи откако ги отпушти сите свои новинари, па повторно почна со програма со водители засновани врз вештачка интелигенција (ВИ).

    Неколку недели откако им даде отказ на сите новинари, радиото „ОФФ“ од Краков се врати во етерот оваа недела со она што беше опишано како „првиот експеримент во Полска во кој новинарите се заменети со виртуелни ликови создадени со ВИ“.

    „Нашите три аватари се дизајнирани за да допрат до помладите слушатели, зборувајќи за културни, уметнички и социјални теми. Дали вештачката интелигенција е повеќе можност или закана за медиумите и новинарите? Ќе бараме одговори на тоа прашање“, изјави директорот на радиостаницата Марцин Пулит.

    Промената привлече национално внимание откако новинарот Матеуш Демски објави писмо во кое изрази револт против замената на луѓе со ВИ.

    „Тоа е опасен преседан што сите не погодува. Тоа може да отвори врата за свет во кој искусни поединци од медиумите и креативните индустри ќе бидат заменети со машини“, напиша Демски, чија петиција досега собра над 15.000 потписи.

    Демски работеше во радиото „ОФФ“ од февруари 2022 до август годинава, кога беше меѓу десетината новинари кои добија отказ. Пулит инсистира дека ниеден новинар не бил отпуштен поради ВИ, туку зашто слушаноста била многу слаба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира