ПОМОШТА ДОАЃА, КАЖА ТРАМП И ГИ ПОВИКА ИРАНЦИТЕ ДА ПРОДОЛЖАТ ДА ПРОТЕСТИРААТ

    ПОМОШТА ДОАЃА, КАЖА ТРАМП И ГИ ПОВИКА ИРАНЦИТЕ ДА ПРОДОЛЖАТ ДА ПРОТЕСТИРААТНа протестите досега загинале околу 2.000 луѓе (Фото: АП)

    Доналд Трамп ги повика Иранците да продолжат да протестираат, велејќи дека помошта доаѓа, без да даде детали за ова. Тој претходно се закани дека САД ќе интервенираат ако безбедносните сили убиваат демонстранти, но досега само најави царини од 25% за државите кои тргуваат со Иран.

    Иранските патриоти, продолжете да протестирате, преземете ги институциите. Помошта доаѓа“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Тој додаде дека ги откажал сите средби со иранските функционери додека не запре убивањето на демонстрантите.

    Актуелните протести во Иран, поттикнати од растечките економски проблеми во земјата, претставуваат најголемиот предизвик за верските власти во последните три години. Еден ирански функционер објави дека досега загинале околу 2.000 демонстранти и припадници на безбедносните сили, што се совпаѓа со бројките на активистичката организација ХРАНА со седиште во САД. Техеран обвини неименувани терористи за убивањата и за киднапирање на протестите, за кои кажа дека се легитимни.

    Иран кажа дека е отворен за разговори со САД, но и дека е спремен за војна. Тимот за национална безбедност на Трамп денеска ќе се сретне во Белата куќа за да разговара за опции за Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира