ПОНИШТЕНА ПОБЕДАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО ИСТАНБУЛ, ПАК ЌЕ СЕ ГЛАСА

    ПОНИШТЕНА ПОБЕДАТА НА ОПОЗИЦИЈАТА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО ИСТАНБУЛ, ПАК ЌЕ СЕ ГЛАСАНа локалните избори, Ердоган доживеа тежок удар, откако ги загуби изборите во престолнината Анкара и во најголемиот град Истанбул. - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган (Фото: АП)

    Турската државна изборна комисија одлучи да има прегласување на локалните избори во Истанбул, откако партијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган поднесе жалба на тесната победа на опозицискиот кандидат, објави државната новинска агенција Анадолу.

    Државната изборна комисија денеска ја прифати жалбата на АКП и ги поништи резултатите од локалните избори на 31 март во Истанбул. Засега не е познато кога ќе се одржи прегласувањето.

    На локалните избори, Ердоган доживеа тежок удар, откако ги загуби изборите во престолнината Анкара и во најголемиот град Истанбул. Партијата на Ердоган тврдеше дека на резултатот во Истанбул влијаеле бројни неправилности.

    На изборите на 31 март победи кандидатот на опозициската ЦХП Екрем Имамоглу, поразувајќи го кандидатот на владејачката АКП Бинали Јилдирим, поранешен премиер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира