ПОРАДИ УЛИЧНИТЕ БОРБИ ВО ЦЕНТАРОТ НА МАРИУПОЛ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПАСАТ 1.000 ЦИВИЛИ ЗАТРУПАНИ ПОД БОМБАРДИРАНИОТ ТЕАТАР

    ПОРАДИ УЛИЧНИТЕ БОРБИ ВО ЦЕНТАРОТ НА МАРИУПОЛ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПАСАТ 1.000 ЦИВИЛИ ЗАТРУПАНИ ПОД БОМБАРДИРАНИОТ ТЕАТАРНад 1.000 сè уште се во подрумот на театаот, кој го издржал ракетниот напад. (Фото: Гети)

    Градоначалникот на опколениот украински град Мариупол вели дека уличните борби во центарот на градот ги попречуваат напорите за спасување на стотици луѓе заробени во подрумот на театарот што Русија го бомбардираше во средата. Вадим Бојченко ми вели дека тимовите може да ги расчистуваат урнатините и да ги спасуваат луѓето само кога има затишје во борбите.

    „Има тенкови… и артилериско гранатирање и секакви видови оружје испукани во областа“, вели тој. „Нашите сили прават се што можат за да ја задржат својата позиција во градот, но за жал, силите на непријателот се поголеми од нашите“.

    Тој не можеше да даде проценка колку луѓе успеале да ја напуштат областа во последните 24 часа. Вчера властите соопштија дека 130 луѓе успеале се спасат и дека над 1.000 сè уште се во подрумот, кој го издржал нападот. Русија негира дека ја гранатирала зградата, која била јасно означена како цивилно засолниште.

    Стратешкиот пристанишен град е опколен од руските сили, а околу 300.000 луѓе се заробени без струја, вода и греење. Бојченко рече и дека 40.000 луѓе успеале да го напуштат градот во последните пет дена, а уште 20.000 чекаат да бидат евакуирани.

    Во Мариупол, украинските и руските сили се борат за фабриката за челик „Азовстал“, една од најголемите во Европа, рече Вадим Денисенко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

    „Сега има борба за Азовстал. Можам да кажам дека го загубивме овој економски гигант. Всушност, една од најголемите металуршки погони во Европа се уништува“, рече Денисенко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира