ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ТРОШОЦИ ЌЕ СЕ ОТКАЖУВААТ УШТЕ ЛЕТОВИ ВО ГЕРМАНИЈА, ВЕЛИ ШЕФОТ НА „ЛУФТХАНЗА“

    ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ТРОШОЦИ ЌЕ СЕ ОТКАЖУВААТ УШТЕ ЛЕТОВИ ВО ГЕРМАНИЈА, ВЕЛИ ШЕФОТ НА „ЛУФТХАНЗА“Карстен Шпор вели дека е загрижен за поврзаноста на Германија како деловна локација (Фото: ДПА)

    Извршниот директор на „Луфтханза“, Карстен Шпор, очекува дополнителни намалувања во распоредот на летови и изрази стравување дека тоа би можело да наштети на привлечноста на земјата како деловна локација кај странските инвеститори.

    Многу сум загрижен за поврзаноста на Германија како деловна локација. Екстремниот пораст на државните трошоци за воздушниот превоз доведува до дополнително опаѓање на понудата. Сѐ повеќе авиокомпании ги избегнуваат германските аеродроми или откажуваат важни врски“, рече Шпор.

    Рајанер“ и подружницата на „Луфтханза“, „Еуровингс“, неодамна откажаа бројни летови поради високите трошоци на германските аеродроми. На пример, „Рајанер“ сосема се повлече од Дортмунд, Дрезден и Лајпциг, а за 80 отсто ги намали летовите за Хамбург. 

    Воздухопловната индустрија со месеци се жали на високите трошоци во Германија, како што се таксите за летови, зголемувањето на даноците за летање воведено во мај и давачките за безбедносни проверки и контрола на летање.

    Шпор ги критикуваше и новите германски регулативи, како квотата за е-горива, и покрај тоа што тие сѐ уште не се достапни во доволни количини. Тоа се синтетички произведени горива базирани на јаглерод кои имаат за цел да ги намалат штетните емисии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира