Германската полиција и утрово ја продолжува потрагата на местото на фестивалот „Рок ам ринг“ откако синоќа го прекина рок настанот поради потенцијална закана од тероризам. Фестивалот се одржува во западниот германски град Кобленц. Не е јасно кога ќе има конечна одлука дали да се откаже фестивалот целосно или да продолжи.
Најпознатиот германски рок-фестивал, кој се очекува да привлече околу 90.000 љубители на музиката во текот на долгиот празничен викенд, синоќа беше прекинат од полицијата поради дојава за потенцијална „терористичка закана”. Откако беше објавена заканата, посетителите на фестивалот веднаш го напуштија местото на мирен и уреден начин, објави организаторот.