Порно ѕвездата и учителка по секс Џесика Дрејк (42) е единаесеттата жена која најави дека ќе го тужи американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп за непристојно сексуално однесување.
Таа се појави на прес конференција во Лос Анџелес со адвокатката Глорија Алред, која пред тоа веќе презентираше два случаи на жени што тврдат дека Трамп кон нив покажал непристојно однесување.
Во соопштение пропратено со слика од неа и Трамп од пред 10 години на некаков турнир за голф во Калифорнија, таа тврди дека републиканскиот кандидат ја фатил неа и уште две други жени и ги бакнал во уста „без да побара одобрение“. Потоа, според тврдењето на порно ѕвездата и секс учителка тој и понудил 10.000 долари за да го придружува во соба на забава.
Од штабот на Трамп изјавија дека оваа приказна е целосно лажна и смешна. „Сликата е само една од илјадниците фотографии направена од почит кон луѓето што сакаат да се сликаат со госпсдин Трамп. Тој ниту ја знае оваа личност, ниту се сеќава на неа, ниту пак има интерес кога било да ја запознае. Ова е само уште еден обид за клевета инициран од страна на кампањата на Клинтон против кандидатот кој баш денеска е број еден во три различни испитувања на јавното мислење“, стои во соопштението на Штабот на Трамп.
Единаесет жени до сега го имаат обвинето републиканскиот претседателски кандидат за непристојно сексуално однесување, откако пред две недели се појави снимка од 2005 година на која Трамп се фали дека може да опне мажена жена, фаќајќи ја за пичето без нејзина согласност.