Поротниците во историското кривично судење на Доналд Трамп почнаа со расправа за случајот во кој експретседателот е обвинет дека се обидел да прикрие оти пред изборите во 2016 исплатил 130.000 долари за да ја замолчи порноактерката Сторми Даниелс, која тврди дека имале секс. Поранешниот претседател се изјасни за невин по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни книги и негира каква било сексуална средба со неа.
Поротниците, 12 њујорчани, мора да донесат едногласна пресуда. Ттреба да расправаат за секоја од 34-те точки и се очекува пресудата да ја донесат до крајот на неделата, и поранешни претседател може да биде осуден, ослободен или судењето може да се врати на повторна постапка.
Судот сослуша 22 сведоци во текот на шест недели, вклучувајќи ја и Сторми Даниелс, чија наводна сексуална средба со Трамп е во центарот на овој случај.
На одбраната и обвинителството вчера им беа потребни повеќе часови за да ги дадат своите завршни зборови, а дадоа спротиставени аргументи за тоа дали Трамп е виновен или не. Обвинителот го обвини Трамп за „разработена шема“, додека одбраната го нарече „МВП на лажговците“ Мајкл Коен, сведок-ѕвезда на Обвинителството.
Ова е првпат во историјата американски претседател – поранешен или сегашен – да се соочи со кривично судење.