ПОТФРЛИВМЕ СО ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19, ПРИЗНА ЕВРОПСКА УНИЈА

    ПОТФРЛИВМЕ СО ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРОТИВ КОВИД-19, ПРИЗНА ЕВРОПСКА УНИЈАСпоред претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, блокот бил преоптимистичен и пресамоуверен (Фото: АП)

    Европската Унија призна дека задоцнила со одобрувањето вакцини против ковид-19 и дека заостанува со имунизацијата.

    Соочувајќи се со критиките од европратениците околу спроведувањето на вакцинирањето, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен призна дека блокот бил преоптимистичен и пресамоуверен, но додаде дека исправна била одлуката колективно да се нарачаат вакцини.

    „Не сме таму каде што сакаме да бидеме. Задоцнивме со одобрувањето. Бевме преоптимистични кога станува збор за масовното производство и пресамоуверени дека она што го нарачавме ќе стигне на време“, изјави Фон дер Лајен.

    Ковид-19 досега однесе над 500.000 животи во ЕУ, додека имунизацијата беше погодена од прекините во снабдувањето од производителите „Фајзер/Бионтек“ и „АстраЗенека“. Токму затоа, некои членки на ЕУ најавија дека би можеле да нарачаат и вакцини од Русија и Кина, што Унгарија веќе го направи.

    И додека Велика Британија има просек од 19,2 вакцинирани на 100 жители, на ниво на ЕУ тој изнесува само 3,9.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира