ПОТОНА БРОД СО МИГРАНТИ ПОКРАЈ БРЕГОТ НА ГРЦИЈА, ДЕСЕТИЦИ ИСЧЕЗНАТИ

    ПОТОНА БРОД СО МИГРАНТИ ПОКРАЈ БРЕГОТ НА ГРЦИЈА, ДЕСЕТИЦИ ИСЧЕЗНАТИСпоред преживеаните, на бродот имало меѓу 32 и 50 луѓе (Фото: Катимерини)

    Едно лице се удави, а десетици се водат како исчезнати откако потона брод со мигранти покрај грчкиот остров Фолегандрос во Егејското Море. Спасувачите кажаа дека пронашле 12 мигранти, главно Ирачани и Сиријци и ги одвеле на соседниот остров Санторини, но точната бројка патници на потонатиот брод не е позната.

    Според преживеаните, на бродот имало меѓу 32 и 50 луѓе. Тој почнал да тоне откако му се расипал моторот.

    Грција е една од главните маршрути за мигрантите кои сакаат од Турција да стигнат до Европската Унија, но повеќето од нив го преминуваат морето во мали гумени чамци. Фолегандрос, кој се наоѓа среде Егејското Море, не се смета за дел од типичната маршрута.

    Во спасувачката акција се вклучени бродови, хеликоптери и воен транспортен авион.

    „Само двајца од спасените мигранти носеле елек за спасување. Секогаш го земаме предвид најлошото сценарио, а тоа сега е дека на бродот имало 50 луѓе“, изјави портпаролот на крајбрежната стража Никос Кокалас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира