ПОТОНА БРОДОТ „МОСКВА“, ГОРДОСТА НА РУСКАТА ЦРНОМОРСКА ФЛОТА

    ПОТОНА БРОДОТ „МОСКВА“, ГОРДОСТА НА РУСКАТА ЦРНОМОРСКА ФЛОТА„Москва“ вчера беше тешко оштетен во експлозија (Фото: АП)

    Русија потврди дека нејзиниот воен брод „Москва“ потонал откако вчера беше тешко оштетен во експлозија. И додека таа кажа дека пожар предизвикал детонација на муницијата, украинската војска тврди дека го погодила речиси 200 метри долгиот брод со два проектила „нептун“.

    И покрај оштетувањата, руското министерство за одбрана вчера кажа дека бродот е во пловечка состојба, но подоцна потонал во немирното море при одвлекувањето назад во пристаниште.

    Во служба од 1983 година, „Москва“ беше симбол на воената моќ на Русија и заштитен знак на нејзината црноморска флота. Имаше посада од 510 луѓе, за кои Москва кажа дека навреме биле евакуирани.

    „Додека беше одвлекуван во предвиденото пристаниште, бродот ја изгуби својата рамнотежа поради претрпените оштетувања во трупот како резултат на пожарот и детонацијата на муницијата. Имајќи предвид дека и морето беше немирно, бродот потонал“, соопшти министерството за одбрана.

    Киев кажа дека бродот бил погоден со проектили „нептун“, оружје од украинско производство развиено по руската анексија на Крим во 2014. Ако украинскиот напад биде потврден, 12.490-тонската „Москва“ ќе биде најголемиот воен брод потопен од непријателот по Втората светска војна. „Москва“ исто така е вториот воен брод што Русија го изгуби од почетокот на инвазијата, покрај „Орск“, кој беше уништен во пристаништето во Бородјанка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира