ПОТРАГАТА ПО УРНАТИНИТЕ НА ЗГРАДАТА ВО ФЛОРИДА ЗАВРШИ СО 97 ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛА, НИКОЈ НЕ Е ИЗВЛЕЧЕН ЖИВ

    ПОТРАГАТА ПО УРНАТИНИТЕ НА ЗГРАДАТА ВО ФЛОРИДА ЗАВРШИ СО 97 ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛА, НИКОЈ НЕ Е ИЗВЛЕЧЕН ЖИВИ натаму не се знае што го предизвикало уривањето на 40 години старата зграда (Фото: Гети)

    Пожарникарите ја завршија потрагата по телата во урнатините на станбената зграда во Флорида, заокружувајќи го трагичниот биланс на 97 мртви. Дел од 12-катницата „Чемплеин“ во градот Сурфсајд се урна на 24 јуни и по еден месец пребарување по остатоците, спасувачите велат дека едно лице сè уште се води како исчезнато.

    Откако почна спасувачката акција, ниеден преживеан не е извлечен од урнатините. Соочувајќи се со тропски бури и ризикот од натамошни уривања на нестабилната структура, спасувачите пребаруваа низ 13.000 тони остатоци. Локацијата сега главно е исчистена и под контрола на полицијата. Таа се води како место на злосторство.

    „Не можам да бидам погорд на спасувачкиот тим. Тие работеа во исклучително тешки услови“, изјави шефот на пожарникарите од округот Флорида-Дејд, Алан Комински.

    Официјални лица изјавија дека веќе нема тела на местото на несреќата, но една 54-годишна жена и натаму се води како исчезната.

    Жртвите ги вклучуваат седумгодишната ќерка на пожарникар од Мајами, 92-годишна жена и сестрата на првата дама на Парагвај. Властите и натаму не знаат што го предизвикало уривањето на 40 години старата зграда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира