ПОЖАРИ ПАК ПУСТОШАТ НИЗ ПОРТУГАЛИЈА И ШПАНИЈА, 35 МРТВИ

    ПОЖАРИ ПАК ПУСТОШАТ НИЗ ПОРТУГАЛИЈА И ШПАНИЈА, 35 МРТВИПожарите во Португалија оваа година однесоа над 100 животи (Фото: АП)

    Најмалку 35 луѓе загинаа во пожарите кои ги зафатија Португалија и Шпанија, соопштија официјални лица од двете земји.

    Ситуацијата е покритична во Португалија, каде што има потврдено 32 жртви, а над 4.000 пожарникари се борат со 150 пожари. Притоа, 56 лица се повредени, од кои 16 се во сериозна состојба, а неколку луѓе се водат и како исчезнати.

    Португалскиот премиер Антонио Коста прогласи вонредна состојба, опишувајќи ја состојбата како уништувачка.

    „Ова беше драматична година“, изјави Коста, ветувајќи дека ќе преземе мерки вака големи пожари да се спречат во иднина.

    Пожарите кои се проширија низ северна Португалија викендов потоа ја опфатија и шпанската покраина Галиција, каде што три луѓе загинаа. Над 600 шпански војници се приклучија во гаснењето.

    Властите на двете земји веруваат дека некои од пожарите се подметнати, а потоа временските услови овозможија тие да излезат од контрола.

    Португалија цело лето се бореше со пожари, кои предизвикаа вистинска катастрофа во јуни, кога загинаа 64 луѓе, а над 130 беа повредени. Во наредните денови се очекува да заврне дожд, но во голем број области сѐ уште постои максимален ризик од пожари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира