Украина ја нападна Русија со дронови ноќеска, предизвикувајќи пожари во две руски енергетски постројки.
Според руското министерство за одбрана, над 150 украински дронови нападнале 15 региони ширум земјата, вклучувајќи ја и престолнината Москва. Руската војска тврди дека овие дронови се пресретнати и уништени.
Но, како резултат на нападот, пожар изби во нафтена рафинерија во Москва, кажа тамошниот градоначалник. Сергеј Собјанин рече дека најмалку 11 дронови стигнале до Моксва и околината.
Во меѓувреме, на околу 120 километри од главниот град, во регионот Твер, се слушнале силни експлозии во близината на електричната централа Конаково. Руските медиуми јавија за пожар во термоелектраната.
Гувернерот на регионот Игор Руденја потврди дека има пожар причинет од нападот со дронови, без да прецизира што е погодено.
Украина не ги коментира нападите со дронови во Русија, но украинската војска го засилува темпото на вакви напади изминатите неколку месеци, лансирајќи десетици дронови истовремено на стратешки објекти