ПОЖАРИТЕ ВО ГРЦИЈА ГИ ЗЕДОА ПРВИТЕ ТРИ ЖРТВИ, ПРОДОЛЖУВА ЕВАКУАЦИЈАТА НА ТУРИСТИТЕ СО ВОНРЕДНИ ЛЕТОВИ

    ПОЖАРИТЕ ВО ГРЦИЈА ГИ ЗЕДОА ПРВИТЕ ТРИ ЖРТВИ, ПРОДОЛЖУВА ЕВАКУАЦИЈАТА НА ТУРИСТИТЕ СО ВОНРЕДНИ ЛЕТОВИДвајца пилоти загинаа кога нивниот „канадер“ се урна при гаснење пожар на Евија (Фото: ИнТајм њуз)

    Пожарите во Грција ги зедоа првите жртви откако вчера загинаа двајца пилоти на противпожарниот авион кој се урна на островот Евија и беше пронајдено телото на 41-годишниот сточар кој беше исчезнат од неделата. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис предупреди дека пред Грција се уште тешки денови, додека огнот продолжува да уништува домови и имоти, а топлотниот бран не покажува знаци на попуштање.

    Денеска се очекува температурите да надминат 44 Целзиусови степени во делови од земјата, а можно подобрување на условите е најавено од задутре.

    Двајца пилоти на возраст од 34 и 27 години загинаа кога нивниот „канадер“ се урна при гаснење пожар кај градот Каристос вчера попладне и несреќата беше снимена од ТВ-камери. Авионот тукушто имаше испуштено вода кога со крило поткачи дрво и потоа падна на земја.

    Тие ги понудија своите животи за да спасат животи. Во нивно сеќавање ја продолжуваме војната против уништувачката сила на природата“, изјави Мицотакис.

    Вчера беше пронајдено и изгореното тело на сточар, кој во неделата излегол од селото Платанистос на Евија, објавија грчките медиуми.

    Големи пожари и натаму се активни на Родос, Евија и Крф, како и на неколку места во внатрешноста на земјата. Во гаснењето учествуваат стотици пожарникари, вклучувајќи странски. Над 5.000 туристи до вчера беа вратени дома со вонредни летови и тие ќе продолжат и денеска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира