ПОЖАРИТЕ ВО КАЛИФОРНИЈА СЕ ЗАСИЛУВААТ, ВО ГРАДОТ ПЕРAДАЈЗ ПРОНАЈДЕНИ 14 ИЗГОРЕНИ ТЕЛА

    ПОЖАРИТЕ ВО КАЛИФОРНИЈА СЕ ЗАСИЛУВААТ, ВО ГРАДОТ ПЕРAДАЈЗ ПРОНАЈДЕНИ 14 ИЗГОРЕНИ ТЕЛАСпоред бројот на уништени објекти, ова е најкатастрофалниот пожар во Калифорнија досега (Фото: АП)

    Изгорени остатоци од уште 14 жртви се пронајдени во и околу градот Перaдајз, како и две тела во Малибу, со што бројот на загинати во катастрофалните пожари во Калифорнија се зголеми на 25.

    Перaдајз, планинско гратче на околу 145 километри од Сакраменто, е целосно уништен во пожарот кој избувна во петокот и властите кажаа дека идентификацијата на телата ќе биде исклучително тешка.

    Градот Пердајз е целосно уништен во пожарот (Фото: АП)

    Во градот се уништени околу 6.700 објекти, вклучувајќи домови и бизниси, додека огнот истовремено зафати површина од 42.500 хектари. Најавено е и дополнително засилување на ветерот, што ќе создаде екстремни услови за ширење на огнот.

    Шерифот на Бат Каунти, Кори Хонеа, изјави дека 110 луѓе се водат како исчезнати и ги предупреди жителите да не се двоумат околу евакуацијата.

    „Не сакам секој ден да кажувам дека сме пронашли нови тела“, изјави Хонеа.

    Две тела се пронајдени во изгорен автомобил на патот кон Малибу. Во градот се уништени 177 објекти.

    Низ Калифорнија моментално има 15-ина активни пожари. Од четвртокот, околу 250.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

    „Имавме тешка ноќ. Изгубивме многу домови, но и спасивме илјадници. Лоша вест е што е најавено засилување на ветерот“, изјави шефот на пожарникарите од Лос Анџелес, Дерил Озби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира