Делегација на Саудиска Арабија е во главниот град на Јемен, Сана, на разговори со бунтовничкото движење Хути за да се постигне нов и потенцијално траен прекин на огнот. Во Сана е и тим за посредување од Оман. Главниот град е под контрола на Хутите откако ја истераа јеменската влада во 2015.
Набргу потоа избувна војна помеѓу Хутите и коалицијата предводена од Саудиска Арабија која ја поддржува владата. Оттогаш војната продолжува, досега има десетици илјади мртви Јеменци, а околу 80% од населението живее од хуманитарна помош.
Сè уште нема официјална потврда од саудиската страна, но медиумите на Хутите велат дека и саудиската и оманската делегација се во Сана. Фотографија која протече од средата се чини дека го прикажува лидерот на Хутите Мохамед Али ал-Хути како се ракува со саудиски функционер, чие лице е заматено. Ова беше поздравено како уште еден значаен знак за подготвеноста на двете страни конечно да постигнат договор што би можел да стави крај на војната. Ниту еден функционер не коментираше, но од различни извори се појавија информации дека може да се потпише договор пред крајот на месецот.