ПРЕРАНОТО УКИНУВАЊЕ НА РЕСТРИКЦИИТЕ МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ВРАЌАЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ, ПРЕДУПРЕДИ СЗО

    ПРЕРАНОТО УКИНУВАЊЕ НА РЕСТРИКЦИИТЕ МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ВРАЌАЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ, ПРЕДУПРЕДИ СЗОИталија и Шпанија, двете најтешко погодени држави во Европа, веќе најавија олеснување на карантинот (Фото: Гети)

    Прераното укинување на мерките на карантин би можело да доведе до „смртоносно враќање на заразата“, предупреди Светската здравствена организација.

    Шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, вели дека земјите би требало да бидат претпазливи околу олеснувањето на рестрикциите, иако некои од нив се соочуваат со големи економски проблеми.

    Италија и Шпанија, двете најтешко погодени држави во Европа, веќе најавија олеснување на карантинот, исто како и Австрија, Данска, Норвешка и Чешка.

    Зборувајќи на онлајн прес-конференција во Женева, Гебрејесус призна дека епидемијата забавува во некои европски држави.

    „Работиме со владите на стратегии за олеснување на мерките, но тоа не би требало да се направи прерано. Укинувањето на рестрикциите може да доведе до смртоносно враќање на коронавирусот“, изјави тој.

    Шпанија најави дека од понеделник, повторно ќе можат да почнат градежни работи и фабричко производство, додека Италија, иако го продолжи карантинот до 12 мај, најави повторно отворање на некои бизниси од вторник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира